ДРЖАВАТА НУДИ 10 ОТСТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ НО ОД АПРИЛ
10 проценти, плус најавените пет. Ова е понудата од државата за повисока плата на наставниците, изнесена од министерот Адеми по денешните двочасовни преговори со лидерот на СОНК , Јаким Неделков. Сонк се мисли. Конечен одговор дали го прифаќаат предлогот ќе дадат кон крајот на неделава, по состанокот на неговиот совет…
„Нашата црвена линија е 25 проценти, повисока плата за наставниците. Е, сега аргументите се двапа ти по пет проценти и исплата на десет, зџначи вкупно 20 проценти до и од Април наредната година. Сепак, не се работи за црвена линија, но за реално барање за зголемување на платите на наставниците од 25 проценти. Она што го кажа министерот Адеми, треба Влдата да го одобри за зголемување на платата, така да јас сега како претседател на СОНк не можам ништо да кажам. За овој предлог од десет проценти плус, ќе се изјасни Советот на СОНК и членсџтвото и одговорот дали ќе има генерален штрајк или не ќе знаеме до крајот на оваа недела“, информира Јаким Неделков – претседател на СОНК
Во мегувреме, црвената линија на СОНК е познатото барање од 25 проценти повиска плата на наставниците. Исходот од ова и дали ќе има генерален штрајк на СОНК, ќе се знае кон крајот на неделава, изјави за ТВ Стар, првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Извор: ТВ Стар

