ДОКУМЕНТ НА CIA ОД 1950 ГОДИНА: МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ Е ПОДГОТВЕНО ДА ОБЈАВИ ПРИПОЈУВАЊЕ КОН БУГАРИЈА

„Само името е реално другото е измама“.
„Македонците не го разбираат новиот јазик“
„Комунистичките управувачи во Скопје се пробугарски ореиентирани“, се вели во извештај на ЦИА од 1950 г.

„Македонија е најнестабилната титовистичка Република. Нејзините комунисти се пробугарски ориентирани. Културните врски со Софија се посилни отколку со тие во Белград. Собранието во Скопје е настроено револуционерно. Првиот посериозен потрес ќе ја раздели Македонија од останатите Републики во Југославија“, стои во извештај на CIA од 17 февруари 1950 година. Документот е насловен „Во однос на македонското прашање во Југославија“ и е во обем од 10 страни. Истиот е декласифициран на 4 декември 2001 година а на 15 декември 2016 година е објавен во дигиталниот архив на агенцијата, кадешто може да биде најден и денеска.

Пред 70 години американската разузнавувачка агенција опишува една сосема поразлична Македонија од таа што ја знаеме денеска во медиумските информации од двете страни на границата, покрај спорот за бугарското вето, Договорот за добрососедство, и нашата заедничка историја, пишува софискиот весник „Труд“.

„Во Републиката која се одделила од Османската империја пред едвај 30 години, нема вистински републиканци. Немаше доволно време за нивното формирање. Македонците се поделени на пробугарски и просрпски ориентирани. Комунистите во власта се наклонети кон Софија и гледаат со сомнеж се што доаѓа од Белград. Тие само се преправаат на комунисти. Тие се многу повеќе националисти.“

„Советскиот Сојуз сакаше да создаде македонска република од СР Македонија, Пиринска Македонија во Бугарија И Егејска Македонија во Грција. Таа република требаше да биде дел од Бугарија. Преку тој потег Москва сакаше да ги зајакнат позициите на бугарската Комунистичка партија, која во крајот на Втората Светска војна беше донесена на власт од Црвената армија. Влијанието на БКП врз масите во Бугарија е многу слабо, за разлика од влијанието на југословенската Комунистичка партија во Југославија. Власта на БКП се основа на насилство. Со заземањето на Македонија БКП ќе добие престиж во очите на луѓето. Од гледна точка на светскиот пролетеријат, е без значење дали Македонија ќе биде во рамките на Бугарија или Југославија“, пишува во извештајот.

loading...

Авторот на извештајот вели дека идејата за обединување со Бугарија зрее во македонското општество уште од времето на Балканските војни и додава дека македонските комунисти ја прифатиле таа идеја.

„Сите луѓе со различно мислење во тој ред и комунисти беа елиминирани од позициите во власта. Македонците не ги покажаа отворено своите ставови. Тие се тивки и го чекаат погодниот момент за да ја реализираат својата идеја. Тие се плашат од Белград, бидејќи југословенската Комунистичка партија верува дека Македонија треба да остане во границите на Југославија. Секој кој има различно мислење е предавник“, се вели во документот.

Во истиот документ стои дека властите во Македонија го конфискуваат имотот на сите Срби што избегале од Македонија по доаѓање на бугарските војски. Потоа нивните имоти не се вратени и не им се издавале државјанства. Тоа според авторот на извештајот говори дека македонските комунисти се пробугарски ориентирани.


loading...

По раздорот меѓу Тито и Сталин 1948 година во извештајот на CIA пишува дека Собранието во Скопје било подготвено да објави отцепување на Југославија и припојување на Македонија кон Бугарија.

Во однос на македонскиот јазик во извештајот на CIA пишува:

„Денешниот македонски јазик е создаден со Указ на комунистичкиот режим. Сите презимиња се сменети. Книгите се печатат на македонски јазик којшто Македонците не го разбираат. Многу комунисти се против македонскиот јазик. Чеда Миндеровиќ, Генерален секретар на Сојузот на македонските писатели, е против македонскиот јазик и како директор на српското издаваштво „Просвета“ одбивал да печати книги на македонски.“

Парадоксот во Југословенска Македонија од крајот на 40-тите години на 20-ти век, може најдобро да се опише од следниот цитат во извештајот, пишува „Труд“:

„Од гледна точка на заложбите на југословенската Комунистичка партија во однос на Македонија, тие се покажаа како неуспешни. Тие создадоа Република без републиканци, социјалистичка држава без социјалисти, комунистичка власт без политички образовани комунисти, создадоа јазик кој никој не го разбира, држава која им е туѓа на граѓаните во неа. Само името и е реално, сè друго е измама. Македонците се повлечени и во очекување. Тие сметаат дека сегашната ситуација е само преоден период“, стои во извештајот на CIA.