ЗАХАРИЕВА: МНР НА БУГАРИЈА СЕ ОГРАДУВА ОД СПОТОТ НА ЏАМБАСКИ, ВЛАДАТА РС МАКЕДОНИЈА ДА СЕ ОГРАДИ ОД СКАНДАЛОЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ НА IFIMES

Потпретседателката на бугарската Влада и шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева, категорично се огради од предизборниот спот на европратеникот Ангел Џамбаски. Захариева ги повика властите во Скопје да се разграничат категорично од скандалозните наводи на институтот IFIMES од Љубљана, во кои Бугарија и Германија се наречени мафијашки држави кои го сакаат нацизмот.

loading...

Бугарската агенција БГНЕС ја објавува целосната позиција на министерката Захариева:

„По повод протестната нота на амбасадата на РС Македонија во Софија, во однос на предизборниот спот на премиерот Ангел Џамбаски, МНР на Бугарија смета дека објавениот материјал е несоодветен. Подвлекуваме дека ставовите изразени во видеото не ја изразуваат официјалната позиција на бугарската Влада.

Бугарија нема никакви територијални претензии кон други земји и тоа многукратно сме го декларирале.


loading...

Забележуваме дека овој спот на бугарски политичар доаѓа по тридневен молк од страна на Владата на РС Македонија, која што ја повикавме да се разграничи од навредливите материјали на словенечката невладина организација, институтот ИФЕМЕС. Владата во Скопје не само што не ги осуди тие материјали, но и го нарече реномиран институтот кој ги напаѓа со лаги две земји-членки на ЕУ, Бугарија и Германија.

Го забележуваме и тоталниот информациски мрак во медиумите на РС Македонија, во однос на бугарскиот де марш по повод словенечката невладина организација, што од своја страна покажува колку властите во таа земја кандидатка за членство во ЕУ го толерира плурализмот и правото на слободно изразување на мислење“, се вели во позицијата на бугарската министерка за надворешни работи.