| |

Ова не е веќе истата Софија*

Fb статус на Арсим Зеколи

Нема место и причина за грижи.

Ќе игнорираме.

Ќе релативизираме.

Ќе мудруваме во стилот на белградска школа “да бидеме реални, ние претеравме, ама и бугарската страна остана фашистичка, монголска”

Ќе го викнеме манекенот да и одржи буквица на ЕУ.

Но во реалноста – како што најавив претходно – долготрајноста на повлекувањето укажува на длабок, длабок проблем во односите со Софија и Брисел.

А евидентно е дека никој веќе не верува на белградските солзи на Скопље.

Шминката и збајатосаните “мудро загрижен” гримаси на Бујар не се доволни за поправање на состојбата.

Ковачевски тешко дека и самиот знае кој му ја крои надворешната политика, бујар или липицанерите околу него.

ВМРО си влезе во филм на пирови експрес-алфа победи кои на крај ќе ја обезглават паѓајќи врз сопствениот нож.

Ова не е веќе истата Софија.

На бате Борис.

Чачкавте, чачкавте -ко на време со Хеленики Свастики знамиња.

Знаете како заврши.

Продолжете по памета на стаљинистички-удбашки балерини.

И не заборавете да кликнете “урааа” кога во слободен пад ќе полетате кон дното.

“Милков: Амбасадорот Ангелов останува во Софија до вистинска промена во РСМ”.

* Насловот е на редакцијата

Слични Објави