| |

Банско повторно ќе стане светска сцена на авантурата и планинската култура со 24. издание на Bansko Film Fest

Од 19 до 23 ноември 2025 година, градот Банско повторно ќе се претвори во светска сцена на авантурата, филмот и планинарската култура. За дваесет и четврти пат, подножјето на Пирин ќе биде домаќин на Bansko Film Fest – најголемиот меѓународен фестивал во Бугарија, посветен на екстремните спортови, планините, културата и авантурите, јавува Пиринњуз.

Фестивалската програма ќе опфати 10 различни локации во градот и ќе вклучи 83 премиерни филма од 43 земји, конкурсна програма во 7 категории, 14 презентации на истакнати бугарски и светски алпинисти, режисери и истражувачи, како и 12 фотоизложби, натпревари и тематски средби.

Меѓу главните акценти се предавањето „Мистериите на Еверест“ со германскиот истражувач Јохен Хемлеб, мајсторски клас за млади бугарски режисери со Грег Грансдон (Канада), презентациите на Никола Калистрин и Цветан Паров, како и учеството на единствениот женски едриличарски екипаж Time2Dare.

Публиката ќе има можност да се сретне со некои од најимпресивните имиња во светот на алпинизмот – Освалд Родриго Переира (Полска), Мартин Зиберер (Австрија), Матео дела Бордела и Стефано Рагацо (Италија).

Специјално место во програмата има и иницијативата BanskoFilmFestKIDS, преку која повеќе од 400 деца ќе можат да го почувствуваат духот на авантурата преку отворени часови, натпревари и активности во природа.

Фестивалот ќе заврши на 23 ноември со свечена церемонија за доделување на наградите за најдобрите филмови.

Повеќе информации и целосната програма на фестивалот ќе бидат објавени на крајот на октомври на официјалната веб-страница: www.banskofilmfest.com
.

Слични Објави