|

Изборен молк до 19 часот на 19 октомври

Од полноќ започна изборниот молк кој ќе трае до 19 часот на 19 октомври, кога завршува гласањето. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека во овој период медиумите смеат да информираат само за текот на изборниот процес, но не и да објавуваат материјали што можат да влијаат врз одлуката на избирачите.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета секое емитување на информации, фотографии, аудио или видео материјали поврзани со учесниците во изборите, како и било какво медиумско известување кое отворено или прикриено е во функција на нечија кампања. Забрането е и објавување податоци што откриваат идентитет на политички субјекти или поединци вклучени во инциденти на денот на гласање, како и изјави од кандидати, партиски претставници и носители на јавни функции.



Слични Објави