| |

(Видео) Службената влада во Бугарија положи заклетва пред бугарските пратеници

Службената влада на премиерот Димитар Главчев положи заклетва пред Народното собрание во Бугарија. Со полагањето заклетва министрите официјално стапуваат на функција, јавува БГНЕС.

Господинот Главчев и неговиот тим не треба да остават сомнеж дека изборите нема да бидат фер“, изјави шефот на државата Румен Радев неколку минути пред да започне самата заклетва.

„Не смееме да заборавиме дека имаме парламент кој работи и мора да се донесат многу закони“, додаде претседателот. Според Радев, прашањето е за тоа, кој ја носи одговорноста. „Одговорноста дефинитивно не е моја, туку на господинот Главчев и на овој парламент“, додаде тој.

По официјалната церемонија во Народното собрание, ќе следи процедура по предавање на функциите во Владата, а потоа и во секое од министерствата.

Фото: БГНЕС



Слични Објави