| |

Од бугарскиот јазик треба да се искорени фразата „Наведната глава сабја не ја сече“*

Facebook статус на Манол Глишев

Фразите „Наведната глава сабја не ја сече“, „Стојанова мајка плаче, Бежанова мајка не плаче“, „ Ние сме мала држава“, „Мое мислење!“, „Мисли!“, „Народе ????“, „Читајте книги!“, „Секој си има своја вистина“, „Секој сам си проценува!“, „Секој си е во право за себе!“, „Без Русија ќе бевме Турци!“ и “Науката не знае сè!”

Заедно со овие проклети глупости, треба засекогаш, притоа со оган и меч да бидат искоренети Ванга, Д’нов, поп Богомил, Људмила Живкова, тракоманијата, рамноземjaштвото, антиваксерството, суеверниот страв од 5G мрежи, антизападнато расположение, теориите на заговор за (не)слетувањето на месечината, русофилијата, симпатиите кон сиромаштвото и валкана носталгија по социјализмот.

Како секојдневни навики, треба да се искоренат носењето тренерки и играњето ора под социјалистички аранжман на централните плоштади во градовите со население над 100.000 луѓе во делничниот ден.

Затворањето на руската амбасада и спроведувањето на безмилосна лустрација се бонус.

* Насловот е на редакцијата.

Слични Објави