|

Се шири пукнатината на насипот на реката Мура, во тек е евакуација на села во Словенија

Во тек е евакуација на неколку села во близина на Долна Биштица, откако надојдените води во реката Мура го пробија насипот, а ситуацијата од момент во момент се влошува бидејќи дупката во насипот постојано се проширува, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.

„Инженерските служби се обидуваат да ја затнат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат“, изјави Командантот за цивилната заштита Сречко Шестан за ТВ Словенија.

Тој истакна дека во моментов се разгледува можност за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но таквата интервенција во моментов е оневозможена поради лошите временски услови.

Мура моментално го има вториот највисок водостој забележан во историјата, а нивото на водата во оваа река расте и по течението во Австрија.



Слични Објави