|

На 10 ноември премиера на филмот „Диада“ на Јана Титова

Премиерата на бугарскиот филм „Диада“ на Јана Титова ќе се случи на 10 ноември во Бугарија, соопшти екипата на филмот, која на крајот на минатата недела беше наградена со четири награди на фестивалот за бугарско кино „Златна роза“.

Пред тоа, филмот беше избран во официјалната натпреварувачка програма на еден од водечките филмски форуми во светот со категорија „А“ – оној во Варшава.

Како што напиша БТА, „Диада“ се фокусира на приказната за Дида, 16-годишна девојка од мало гратче и на тој начин допира многу чувствителни теми блиски до светот и емоциите на тинејџерите. Сценариото е напишано од самата Јана Титова. Главниот лик во филмот го игра Маргарита Стојкова. На екранот се и Иван Брнев, Силвија Лулчева, Стојан Дојчев, Ирмена Чичикова, Цветан Алексиев, Васил Бинев, Жаклин Дочева. Петра Црноречка, ученичка во Националното музичко училиште во Софија, е избрана за улогата на најдобрата пријателка на Дида – Ива. Оператор е Мартин Балкански.

Слични Објави