ЌЕ СЕ ГРАДИ ТРАСАТА ОД БУГАРСКА СТРАНА ЗА ПРЕМИНOТ „КЛЕПАЛО“

Трасата долга 17 километри кон граничниот премин Клепало од бугарска страна ќе се гради. Од општина Берово соопштуваат дека Агенцијата за патна инфраструктура на Република Бугарија го отворила јавниот тендер за избор на изведувач за изработка на концептуален и технички дизајн за завршување на дел од патот Струмјани – граничен премин Клепало, што според нив ќе ја обезбеди патната врска со Берово.

Иако беше најавено годинава порано да биде завршена изградбата на патот од бугарска страна, минатогодишните локални избори во Бугарија и пандемијата со коронавирусот според надлежните ги одложи работите за неколку месеци.

Граничниот премин „Клепало“ со години е надеж за препородување на Малешевијата. Граѓаните очекуваат со неговото отворање да се зголеми  бројот на туристите, но и да се развие бизнисот. Пуштањето во функција на„ Клепало“ ќе значи скратување на патот до Струмјани за околу 130 киометри.