ФИЛИПЧЕ ВЕТИ 40% ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО ВО СЛЕДНИОТ МАНДАТ
„Секоја година ќе ги зголемување платите на здравствените работници и соработници за 10 проценти, значи вкупно 40 проценти за целокупниот следен мандат. Сите млади лекари кои се на специјализација и се надвор од Скопје ќе добијат 12 илјади денари субвенција за решавање на станбеното прашање. Ќе го зголемиме бројот на специјализации и на наставни лица“, најави министерот за здравство Венко Филипче од партиската прес конференција на Коалицијата „Можеме“ во Штип.
