СЕЛА: АКО ПОБЕДИМЕ НА ИЗБОРИТЕ ИГРИТЕ НА СРЕЌА ЌЕ БИДАТ ДОЗВОЛЕНИ САМО ВО ХОТЕЛИТЕ СО 5 ЅВЕЗДИ

Лидерот на партијата Алијанса за Албанците Зиадин Села истакна дека доколку коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива победат на парламентарните избори, игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди.

„Позицијата на Алијансата за Албанците во врска со законот за игри на среќа, неколку пати јавно е искажана и истата веќе е вклучена во коалициската програма Алијанса за Албанците и Алтернатива „Држава за сите“, истакна Села на собирот на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива, со жителите на селото Пирок.