Одбележуваме 117 години од смртта на војводата на ВМОРО Иван Димов-Јон Пашата
На 20-ти ноември 1907 г. во Битола умира војводата на ВМОРО ИВАН НАЈДОВ ДИМОВ – ЈОН ПАШАТА.
Роден е 1878 г. во прилепското село Тројкрсти. Во 1897 г. работи во Романија и при враќањет во 1900 г. ограбува пушка и два револвера от Шебедин бег. Се вклучува во ВМОРО и од 1902 г. станва четник кај Георги Сугарев. За време на Илинденското востание е во четата на Иван Кафеџијата. Води самостојна чета во Шурковска планина и Преспанско, а потоа во Кичевско и Битолско. Во 1904 г. е назначен за реонски војвода во Битолското поле. Заедно со Димче Сарванов и Трајко Кралот дејствуват против препадите на грчката вооружена пропаганда во Македонија. На 1-ви јули 1905 г. крај село Могила го убиват извесниот турски насилник Шефки ага. Јон Пашата дејствува како помошник реонски војвода на Димче Сарванов. За реон на дејствување ги има полските села во Пелагонија од десната страна на река Црна и Ѓаваткол.
На крајот на 1907 г. Иван Димов се разболува тешко од дифтерија и умира. Погребан е во дворот на црквата Св. Недела, Битола и после препогребан во гроб на млада жена, заради постојаните претреси на аскерот во гробиштата.
“Непријателите на Бугарштината во Македонија беа многу. Револуционерите требаше да дават отпор и на андартите, кои што влегуваа од Грција и пакостеја на народното дело, и на србските чети, кои што сакаа да го србизираат бугарското население во Македонија. Сите тие ги налагаа со сила и терор, со убиства и закани своите желби да го уништат бугарското самосознание на населението во тој крај. Македонските револуционери требаше тројно да ги увеличат своите напори, за да можат да се спротивстават против тројниот непријател, соработник на турската власт против еден измачен народ, кој што со крвта го плаќаше своето право да се нарече Бугарски.
…Тодор Габеро се обрна кон Јон Пашата и рече:
-Војводо треба да го убиеме тоа куче, Шефки ага.
Јон ја стави раката на неговото рамо, климна со главата и кажа:
-Треба Тодоре, треба! Бог да е со нас! Ќе го направиме!
Од јужната страна на Могила се зададоа два коњаника. По се’ се гледаше дека јавачите се Турци, зашто беа облечени во украсени алишта. Но, како небаре осетија нешто, коњите станаа неспокојни. Животните беа се’ понервозни. Се кренаа на задните нозе и не сакаа да врват повеќе напред. Во тој момент испука истрел од пушка, а по него и втор. Следеа уште неколку истрели од пушка. Јавачите паднаа од коњите ничкум, така што испрскаа со својата крв наоколу. Тројцата комити излегоа од заседата, беа прочуените храбри војводи – Јон Пашата, Димче Могилчето и Тодор Габеро.
На другиот ден насекаде се разнесе веста за убиството на двата катили. Турците се стресоа. Битолскиот валија Селим паша не се свртуваше на едно место. Шеташе по својот сарај нервен и не верваше на чуеното. Легендата за Шефки ага која даваше долго кураж на Турците (куршум не го дупчи, сабја не го сече) се сруши. Битолските агалари пиеја ракија молчаливо, а кафето им горчеше. Не знаеја што да сторат, за да ја оживеат легендата за нивната сесилност. Таа беше убиена со двајцата дерикожи. Потерите кои трчаа по селата, како небаре да бараа фантом – ништо не можеа да чујат, ништо не можеа да откријат. За поробениот народ веста за одмаздата се разнесе молскавично надолж и нашироко, до најоддалеченото катче на Македонија. стигна и до последниот овчар на колибите. Народот триумфираше.
По убиството на Шефки ага борбата продолжуваше. Во Битола не престануваа постајаните судири меѓу Грци и Бугари. Вооружените луѓе на Мелас, Каравангелис ги обиколуваа бугарските села во Македонија и насила ги тераа луѓето да се вбројат за Грци, така што ги заплашуваа – ако не го примат грчкото самосознание, ќе ги наклеветат и да бидат избиени од Турците.“

