| |

ДВОРОТ НА МОИТЕ БАБА И ДЕДО…

Тоа е она место каде што проодев. Тоа е она место каде што ги научив првите мангупски фори од вујко ми. -Пекмез, оди да јадеш-ќе ми речеше, додека он се спремаше да му ја спрашти у град со другарите. Носеше дугачка коса и ѕвонарки и увек ми мааше мацоли коа не сакав да јадам. Баба ми секогаш трчаше по мене со намачканата кришка со путер и џем од кајсија, а ја го пиев само млекото. Дедо ми ги кроеше лозниците. На секое ќоше имаше по една дебела сенка од каде доаѓаа разни мириси на овоштијата. Крушка, јаболко, праска, дуња, кајсија. Една постара и една помлада цреша. Често пати во лето знаев да заспијам под тие сенки.Времето поминуваше а другарите и другарките со кои игравме по калливите улици растеа и се менуваа. Некои се отселија, некои се доселија, но магијата на мојот крај ја даваше земјеното тло кое го казев од кое секогаш си ги праев патиките и чизмите со кал.
А во подрумот…Старите бакарни казани за ракија на дедо ми, и по некоја залиха од најубавата ракија на светот. Доволно стара, со доволно слој прашина на шишето, да ја опие за миг душата и да ги промеша спомените. 
Времето помина. Децата пораснаа.Некои заглавија на дрога, некои станаа сликари, некои почнаа да играат фудбал, кошарка а некои фатија џаде у странство. Малите девојчиња кои си играа со куклите, сега станаа кукли нечии за друг да си игра со нив. Дојдоа оние копита од градежните фирми, и се накомија на мојот магичен двор. Сакале да рушат, да рамнат, да бетонираат. Зградурина да издигнат. Нивниот одвратен багер сака да ја уништи оазата на моите први чекори. Ќе сум лапнел некој стан демек. 
Шо ќе ми е тој стан кога ќе ми ги урнат сите спомени и кога на тоа место ќе загосподорат бездушни копита, кои се нафатирале со малку камен и станале градежни деспоти?
Ебете се и вие и вашата ебана градежна механизација. Да ви се плукнам у тоа говедата бездушни, за тој ебан бетон, душата у отпад ќе си ја фрлите. 
Тоа не уништи нас Македонците. Багерите ни ги урнаа домовите, ни ги запустија дворовите и среќата ни ја заменија со два ебани стана у кои 99 насто од времето ќе зјапаме у белите ѕидови. Го нема мирисот на градината. Го нема цвркотот на пилињата.Го нема комшиското и братско здраво-живо. Само ебаните ѕидишта. Ѕидиштата и оние бездушни гадови кои треба да загосподарат со мојата мала оаза. Оазата каде што проодев…Каде што прв пат го видов небото…

Автор: Булеварко



Слични Објави