ОБЈАВЕНО Е КОГА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ КОМБИНИРАНАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ ГРИП И КОРОНА

Комбинираната вакцина, која штити и од грип и од коронавирус, може да се појави на крајот на следната година, изјави директорот на рускиот медицински центар „Гамалеја“, Александар Гинцбург.

loading...

Според него, технологијата за оваа вакцина е веќе развиена и тие сега почнуваат да ја прилагодуваат на различните видови на вируси на грип и ковид 19.

„Сега работиме со варијантите што ги имаме, а потоа ќе вклучиме и други … Ќе започнеме со клинички испитувања на почетокот на следната година“, прецизира Гинцбург.


loading...

Претходно, директорот на Федералниот истражувачки центар за вирусологија и микробиологија „Институт за експериментална медицина“, Александар Дмитриев, објави дека Русија прави вакцина со двојно дејство против вирусите на корона и грип, а начинот на примена ќе биде преку носот.