| |

УТРЕ ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Во текот на утрешниот ден во Вила Водно кај Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност, на која ќе се разговара за евентуално продолжување на вонредната состојба.

Иако бројот на заразени последните денови е повторно во пораст, Владата со уредба донесе одлука за олеснување на мерките во три фази. Во првата фаза се отвораат спортските обложувалници и трговските центри.

По извештаите кои Владата треба да ги достави до Претседателот, ќе биде донесена одлука дали е потребно продолжување на вонредната состојба. Во спротивно, доколку нема таква одлука, вонредната состојба која првично беше прогласена на 18-ти март, ќе заврши в сабота.

Слични Објави