| |

СДСМ: БЕСКАМАТНАТА КРЕДИТНА ЛИНИЈА „КОВИД 1“ ЈА ИСКОРИСТИЈА 738 ФИРМИ

Преку бескаматната кредитна линија „Ковид 1“ се поддржани 738 микро, мали и средни компании со 6.524 вработени, се вели во соопштението на СДСМ во кое се потенцира дека Владата, покрај грижата за здравјето на граѓаните, дава реална поддршка за нив и за компаниите кои се економски погодени од кризата.

„Вкупниот износ на доделени бескаматни кредити преку линијата „Ковид 1“ изнесува 5,54 милиони евра, а просечен износ на даден кредит е 7.500 евра. Од вкупно одобрените барања, вкупно одобрените барања, три милиони евра искористиле 373 претпријатија од дејноста угостителство, 2,3 милиони евра искористиле 320 претпријатија од дејноста транспорт, а 252.000 евра искористиле 43 претпијатија од дејноста туризам“, е наведено во дописот на владеачката СДСМ.

Од таму нагласуваат дека „бескаматната кредитна линија „Ковид 1“ е само дел од навремените и ефикасни мерки што беа преземени за побрзо справување со негативните економски последици“.

Притоа, се потенцира во соопштението, Владата дополнително предложи уште 107 кредитни апликации со вкупно 936 вработени во износ од 776.000 евра. Тоа е оценето како „конкретна помош за спас на илјадници работни места и конкретна помош за домашно стопанство“ и се потсетува дека фирмите од сите сектори ја имаат на располагање и втората линија бескаматни кредити преку Развојната банка во износ од осум милиони евра.



Слични Објави