| |

ДЕВОЈКА ОД КРАТОВО СО ФАЛСИФИКУВАНИ ЕВРА ИГРАЛА ВО КАЗИНО ВО СКОПЈЕ

Полицијата поднесе кривична пријава против 24-годишна девојка од Кратово под сомнение дека употребила фалсификувани евра во казино во Скопје.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Ф.(24) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

Пријавената М.Ф.(24) набавила две фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра и на 26.11.2020 во казино во Скопје ги пуштила во оптек, односно ги разменила за денари и на тој начин го сторила кривичното дело.

Слични Објави