| |

Тагарев: ЕУ делумно ќе нѐ обештети, со 55%, за оружјето што го дадовме на Украина

Немам коментар, нека си истражуваат надлежните органи. Видов дека се шири одредена порака, но тоа нема врска.

Ова го изјави министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев по повод заканувачката порака што му ја испратил осуден 39-годишен маж, а во која имало и закани за убиство, јавува БГНЕС.

Тагарев го коментираше и надоместокот што Бугарија ќе го добие за помошта испратена во Украина. Според него, ова обештетување ќе биде делумно. „Во моментов се потрошени средствата што се собрани во Фондот на Европскиот мировен механизам и треба да почекаме малку земјите да дадат дополнителни придонеси. Очекуваме околу 55% ​​обесштетување на материјалните средства кои се дадени. Нема да биде до крајот на годината, се надевам дека следната година ќе го добиеме делумниот надоместок на материјалните средства што беа обезбедени според одлуката од декември минатата година“, додаде Тагарев.

Слични Објави