Заглавен сообраќајот во Скопје, автобуси нема, Брзата помош не можеше да се пробие на Бит Пазар
Скопје е парализирано попладнево.
Автобусите не сообраќаат, а граѓани се жалат дека не успеваат да најдат ниту слободно такси поради сообраќајниот хаос.
Гужвите го достигнаа врвот околу 16.30 часот кога голем број граѓани се враќаат дома од работните места, а Брзата помош eдвај успеа да се пробие на Бит Пазар.
Граѓаните на Скопје со денови мрзнеа на автобуските постојки чекајќи автобус и со часови, а поради недостатокот на гориво, во моментов сообраќаат само неколку автобуси кои се на гас.
Град Скопје претходно денес ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека креира криза во ЈСП, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието била поништена редовната јавна набавка за гориво, како смислено сценарио.