Одбележуваме 156 години од раѓањето на големиот бугарски револуционер, офицер и припадник на ВМОРО Христо Чернопеев
На 16-ти јули 1868 г. во с. Дерманци, близу Ловеч е роден еден од малку познатите личности од нашата историја, капетан ХРИСТО ЧЕРЊО ПЕЕВ, војвода и раководител на струмичкиот округ на ВМОРО.
Учел гимназија во Плевен. Служел како фелдфебел во Бугарската армија, каде што се запознава со Борис Сарафов, кој го вклучува во Македоно-одринското револуционерно движење. По напуштањето на армијата, Чернопеев пристига во Солун и под раководство на Пере Тошев, Христо Татарчев и Христо Матов бил воен инструктор на четите на Организацијата. Бил комита во четата на Михаил Апостолов-Попето и дејствува во гевгелиско и ениџевардарско. Токму Попето за прв пат го нарекува него, Чернопеев. Од 1900 г. е војвода на чета во кукушко, чија цел, како и четите на бугарските иструктори Марко Лерински и Михаил Попето, била создавање селски комитети за воена обука на населението. Во истата чета е и еден од браќата на Гоце Делчев – Димитар Мицо Делчев, кој загинува после 14 часовна борба со турскиот аскер на 4-ти февруари 1901 г. кај селото Бајалци, Ругуновец. Чернопеев е учесник заедно со Крсто Асенов и Јане Сандански во грабнувањето на американската протестантска мисионерка Елена Стоун. Во Илинденското востание учествува со чета од 250 луѓе и води неколку битки со османлиските единици. По поразот на востанието се зближува со Јане Сандански и Димо Хаџидимов и учествува на Рилскиот конгрес. Од 1905 г. е раководител на Струмичкиот револуционерен округ. Уапсен е како осомничен за учество во убиствата на Борис Сарафов и Иван Гарванов во 1907 г. од страна на Тодор Паница, но обвинението не е докажано. Во 1909 г. е еден од основачите и раководител на Народната федеративна партија, – Бугарска секција. Чернопеев се дистанцира од Сандански и неговата група, а по Младотурската револуција преку остро писмо упатено до самиот Сандански го обвинува во соработка со Турците. Во 1910 г. заедно со Апостол Терзиев и Тане Николов ја основал Бугарската народна Македоно-одринска револуционерна организација. За време на Првата балканска војна, е војвода на чета од составот на Македоно-одринското ополчение. Учествува во ослободувањето на Банско и Кавала, а во неговата чета се Јонко Вапцаров и Пејо Јаворов. За време на Втората балканска војна е војвода на чета која оперира во реонот на Радовиш и околината. След крајот на Балканските војни е награден за својата храброст покажана на македонскиот фронт и му е доделен офицерски чин поручник од Бугарската армија. Покасно бил избран за пратеник во Бугарскиот парламент од Струмица, но во 1915 г. го напушта парламентот и заминува на фронт како капетан во 11-та македонска пешадиска дивизиja.
Христо Чернопеев го губи својот живот на 6-ти ноември 1915 г. како командир на чета на Бугарската армија. Убиен е во борби со француските војски кај с. Криволак. Погребан е во црквата Успение на Св. Богородица во Ново село, Штип. По Втората светска војна неговиот гроб е разрушен од комунистичките власти.

