| |

Секоја следна “понуда” ќе биде полоша*

Facebook статус на Ивон Величков

Одбивањето на “модерниот” македонски јазик и идентитет од Мицкоски и Филипче 2025 е одбивањето на “Република Македонија (главен град Скопје)” од Груевски и Црвенковски 2008

Исто како што македонски идентитет и припадност во “српски свет” не одат заедно.

На 25 јуни меѓу другото предупредив(ме) дека: “(амандманот) “Модерниот” го враќа Извештајот во форма на понуда кон Мицкоски…: излезно решение да премине од предизборна реторика на владина политика”.

И во континуитет предупредувам(е) дека секоја следна “понуда” ќе биде полоша.

Од првичното лобирање за “многувековен” се до одбивањето на “модерниот” карактер на македонскиот јазик и идентитет во Извештајот на ЕП – Мицкоски и Филипче се обидоа да ја реплицираат самоблокадата на Скопје во име на неформалната коалиција ВМРО-ДПМНЕ + СДСМ + олигархија (сосе нејзини медиуми и нво-и): во 2008 за влез во НАТО, во 2025 за продолжување на преговорите и полноправно членство во ЕУ 2030.

Заедничкиот став на европратениците (од конзервативци преку социјалисти до зелени) е најавеното пресретнување на “заедничката надворешна политика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ” што го објавив на истиот датум.

Имено, обидот на оваа коалиција со “многувековен” идентитет проба да подметне реантиквизиран македонски идентитет во евро-Извештај што никогаш и не третирал идентитет.

Кога видоа дека се прочитани, СДСМ и држеше предавање на Кос како да зборува на ПРЕС, а за ВМРО-ДПМНЕ Европјаните станаа “Талибани”.

Сега е време за ново предупредување, овој пат до нас, Македонците:

Македонскиот идентитет и јазик во спорот со Грција како тема го уфрлаа министри за надворешни работи – Македонци. Од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Се до тогаш спорот со Атина беше за името и опсегот на користењето.

Македонскиот јазик, кодификуван пред 80 години, регистиран во ОН веќе 50 години и официјален во потпишувањето договори и со ЕУ и со нејзините членки – сега го уфрлија како тема министер за надворешни работи и премиер – Македонци. Со поддршка од опозициски политичари – Македонци.

Одбивањето на предлогот во Букурешт 2008 од политичарите – Македонци го донесе Преспанскиот договор.

Одбивањето на македонското соочување дека нема македонски идентитет додека политички, економски и културолошки коленичиме во “српски свет” нема да ни донесе “подобар” договор.

Само многу одлагања за на крајот да се стори договореното од Преговарачката рамка. Оти неа сме ја прифатиле како држава.

* Насловот е на редакцијата



Слични Објави