| |

ПОПОСКИ: БЕЗ ПОПИС НЕМА ДА ИМАМЕ И РЕАЛЕН ИЗБИРАЧКИ СПИСОК

„Република Македонија е земја за пример во светски рамки која повеќе од 10 години нема спроведено попис на своето население. Во наше друштво почитувани, замислете се наоѓа и Сомалија. Без регуларно спроведен попис на населението, спроведен согласно македонското законодавство и во согласност со европската пракса и понатаму се остава простор за сомнеж во Избирачкиот список.

Да ги потсетиме господата Заев и Спасовски како и госпоѓата Шекеринска дека очекуваме Амди Бајрам и на овие избори да ги посети бутелските гробишта, објавувајќи дека сите тие гласале за нив. Горе споменатите дами и господа ги прашуваме после 3 години на власт, дали има мртви души во избирачкиот список, дали се имплементирани препораките на ОПСЕ и ОДИХИР или пак дали веќе се договорија со нивните демек политички противници колку ќе си ги поделат и како, гласовите на мртвите души во списокот?

Што се случува со основната задача на техничката влада да спроведе демократски и чесни избори во духот на европските вредности? Имајќи предвид дека техничката влада се занимава со службени возила, обезбедување на функционери, кариерен развој на државни службеници како и разни коруптивни пракси и сѐ друго што е од сферата на Јавното обвинителство, тогаш дали тоа значи дека Јавното обвинителство ќе биде тоа кое што ќе ги организира изборите во Република Македонија и ќе има директно влијание врз изборните резултати?

Почитувани сограѓани, повеќе од 30 години политичката елита нема волја да спроведе чесни и демократски избори, нема волја да го промени Изборниот модел како и да се спротистави на незаконското финансирање на политичките партии и кампањи во Р.М.

Дали ни претстојат уште едни предвремени но наместени избори? Одговорот на ова прашање почитувани сограѓани е во ваши раце. Затоа излезете на претстојните парламентарни избори, масовно дајте и црвен картон на политичката елита и со вашата активност минимизирајте го влијанието на мртвите души во списокот на купени гласови на изборите и не дозволувајте друг да гласа во ваше име“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ГДУ, Дарко Попоски.



Слични Објави