МИХОВ: КИНА ЗА 10 ДЕНА БОЛНИЦА VS МАКЕДОНИЈА МОЖЕБИ ЗА 10 ДЕНА СИЈАЛИЦИ

//

Во барањето улично осветлување , жителите на приградската штипска населба Караорман  од денес имаат политички сојузник во ГДУ.  На оваа тема  потпретседателот на ГДУ- Штип, Марјан Михов денес во населбата одржа прес- конференција.

„Ние од ГДУ апелиравме пред повеќе од 3 месеци за проблемот со уличното осветлување во населбата Стар Караорман. На нашиот апел  локалната самоуправа остана и глува и слепа. Пред некој ден бевме сведоци на реакција од засегнатите граѓани за истиот проблем и дури од нивна страна беа најавени и порадикални мерки, доколку за 10 дена не им се реши проблемот со осветлувањето“, изјава Марјан Михов, потпретседател на ГДУ – Штип.

Од ГДУ велат дека граѓаните во случајов и биле толерантни давајки рок од 10 дена нивниот прoблем да биде решен.

„Најверојатно граѓаните го знаат капацитетот на оваа власт. Доколку во Кина се гради болиница за 10 дена, би можело и за истото време и нашата локална самоуправа да стави 4 сијалици на влезот на Караорман и да го реши проблемот на луѓето кој живеат овде“, рече Михов.





Претходна статија

ПОПОСКИ: БЕЗ ПОПИС НЕМА ДА ИМАМЕ И РЕАЛЕН ИЗБИРАЧКИ СПИСОК

Следна статија

БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ВО БИТОЛА ПОРАДИ ЗАГАДЕНОСТ НА ВОЗДУХОТ

Најново од Вести