| |

ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО СО НОВ ПРОЕКТ ЗА МЛАДИТЕ ШТО САКААТ ДА СТУДИРААТ ВО СОСЕДНА БУГАРИЈА

Македонско-бугарско пријателство ќе им помага на сите заинтересирани млади луѓе, кандидат-студенти од источниот дел на Македонија, кои сакаат своето високо образование да го продолжат во Република Бугарија. Обуките се вршат во просториите на Здружението во градот Кочани и истите се вршат oд г-ѓата Илијана Атанасова, директор на неделното училиште „Здравеј“.

МБП продолжува да работи за развојот на добрите меѓусебни односи меѓу Македонија и Бугарија и да го прави процесот за запишување во високообразовните институции во нашиот источен сосед полесно за заинтересираните младите луѓе од Македонија. Претседателот на МБП, Столе Велков ги повикува сите заинтересирани да станат дел од подготвителните курсеви за успешно запишување и студирање на бугарските факултети.

Слични Објави