КАКО БОЛНИТЕ ОД КАРЦИНОМ ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ СВОЈАТА ТЕРАПИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПОСЕТАТА НА ПАПАТА ВО СКОПЈЕ?
„Утре во нашето големо село Скопје ќе ни дојде папата Франческо и во негова чест, на нас болните од карцином нема да ни биде овозможено да си ја примиме терапијата .Јас лично овој месец се борев да ги покачам тромбоцидите за да можам да ја примам терапијата ама еве папата дојде во село Скопје“- ни напиша нашиот читател Себастијан Хуна.

„Трибуна“ прашува дали надлежните институции имаат план за тоа како тешкоболните луѓе од главниот град и цела Македонија, кои примаат терапија која не трпи одлагање од ниту еден ден, ќе ја добијат истата?
Свесни сме за големата чест што ни се укажува како земја која ќе биде дел од Апостолската посета на Папата, но во организацијата за истата освен безбедностите мерки, треба да се организира и непреченото давање на здравствени услуги на тие што имаат потреба од истите.
Голем срам е за одговорните лица во Министерството за здравство, ако не успеале да го изменаџираат овој проблем, а како што станува јасно од пораката што ја добивме, тоа е токму така. Па макар и во случајот да се работи за само еден заболен.
Ако до пред неколку години немаше цитостатици, денеска ги има, но заради недобрата организација на настанот, болните од рак нема да можат да ја добијат својата терапија. Дали некој некогаш во оваа земја ќе помисли за тешкоболните и дали некој ќе преземе одговорност, за сите проблеми со кои тие се соочуваат за време на такви настани, а и секојдневно?

