МОМЧЕТО КОЕ САКАЛО ДА СЕ РАЗЛАДИ ВО ВАРДАР НАЈДЕНО МРТВО
Момчето кое вчера околу пладне сакало да се разлади и влегло во реката Вардар кај демиркаписко Бистренци, пронајдено е мртво, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, пренесува Плусинфо.
Јавен обвинител наредил обдукција на телото.
Со часови траеше потрагата по момчето од негови блиски и соселани, а крај Вардар присутна била и полицијата, се трагаше во водата и на брегот.