БИТОЛЧАНЕЦ ВО НИВА ПРОНАШОЛ ГРАНАТА ОД ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Битолчанец вчера пријавил во полиција дека во атарот на селото Магарево, при изведување земјоделски работи во нива негова сопственост пронашол една артилериска граната од 75мм од ПрватасСветска војна.

Од страна на пиротехничар од ДЗС, пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.