| |

(Видео) Перев: Руската агентура е присутна на Балканот повеќе од 100 години, нејзиниот центар е во Србија

Во интервју за Радио Благоевград редовниот колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев изјави дека руската агентура е присутна во Македонија, Турција, Бугарија и Грција повеќе од 100 години и дека нејзиниот центар е во Србија.

Изјавата на Перев доаѓа по изнесениот став на претседателот Пендаровски дека ќе предложи да се забрани влез на бугарски политичари, кои имаат контакти со руските тајни служби.

„Тој (претседателот Пендаровски, бел. уред.), не кажува ништо ново. Руската агентура е присутна на овие простори во Македонија, Турција, Бугарија и Грција повеќе од 100 години. Таа се движи слободно и нејзиниот центар е во Србија“, вели Перев.

Перев изрази надеж дека бугарскиот парламент ќе ја поддржи бугарската дипломатија во нејзините активности во заштита на правата на македонските Бугари во РС Македонија.

„Мислам дека бугарската дипломатија ќе ја добие меѓународната борба за правата на македонските Бугари, а бугарскиот парламент ќе им даде достојна поддршка на своите дипломати“, истакна Перев.



Слични Објави