ХРАНЛИВИ СОСТОЈКИ КОИ ГО НАМАЛУВААТ КРВНИОТ ПРИТИСОК

Високиот крвен притисок е тивок убиец. Може да биде дел од нашите животи без да сме свесни за тоа. Главоболката што одминува е еден од најчестите симптоми дека нешто не е во ред со нашиот крвен притисок. Причините за хипертензијата се кријат во стресот, нашиот начин на живот, земањето на одредени лекови, генетиката и друго.

Знаеме дека редовната физичка активност и здравата исхрана може да придонесе за регулирањето на неговите вредности. Но има и некои прехранбени состојки кои можат да донесат позитивен ефект.
Важно! Пред нивото консумирање консултирајте се со лекар.

Крилово масло

Маслото од крило е извадено од антарктички ракчиња, наречени крило (Krill) кои живеат во длабоки води. Тоа гарантира дека тоа е чисто од токсини,пестициди, жива и други тешки метали. Маслото од крило е богат извор на омега-3 есенцијални масни киселини, посебно на ЕРА (ејкозапентаенова) киселина и DHA (докозахексаенова) киселина, како и на моќниот антиоксидант астаксантин и на витамин А, витамин Е, витамин В4 (холин) и биофлавоноиди. DHA е важна за нормално функционирање на ретината и очите. Таа е важен составен дел на клеточните мембрани на мозочните структури и делува корисно на нервната-психичка дејност и рамнотежа, ја зајакнува меморијата. ЕРА има јака улога при одржувањето на нивоата на триглицеридите и холестерол во нормални граници. Учествува во регулирање на срцевата дејност и ги зајакнува природните антиинфламаторни функции на клетките. Астаксантин помага за намалувањето на чувството за умор и слабост, го одржува доброто расположение и концентрацијата.

Според истражувањата, овие две корисни киселини
ЕРА (ејкозапентаенова) киселина и DHA (докозахексаенова) имаат благотворно дејство при висок крвен притисок.

Коензим Q10 (CoQ10)
Според публикацијата во списанието Atherosclerosis, адитивите со CoQ10 можат да помогнат за подобрување на здравјето на крвните садови. Ова, за возврат го намалува ризикот од висок крвен притисок и срцевите заболувања. Други спроведени истражувања покажале дека овој додаток во исхраната може да помогне и за намалување на систолниот и дијастолниот крвен притисок.

Магнезиум
Дефицитот на магнезиум, кој се должи на инсулинската резистенција, е една од причините за стеснување на крвните садови, што од своја страна води до хипертензија. Овој важен минерал учествува во над 300 процеси во организмот. Кога внесуваме доволно од него, тој го намалува ризикот од мускулни грчеви, депресија, но помага и за стеснувањето и проширувањето на крвните садови.

Витамин D
Истражувањата покажуваат дека дефицитот на сончевиот витамин може да доведе до артериска вкочанетост, што може да биде причина за зголемувањето на крвниот притисок.

Калциум
Истражувањата покажуваат дека соодветна доза на калциум може да има антихипертензивен ефект, што го прави здрава додавка во исхраната кај хипертензијата. Важно е сепак да има рамнотежа со нивото на витамини К2, D и магнезиум.

L-аргинин
Според истражувањето објавено во American Heart Journal, оваа аминокиселина може да помогне за намалување како на систолните така и дијастолните нивоа на крвниот притисок.

Слични Објави