| |

Богатството од Панаѓуриште како магија и ремек-дело на тракиската уметност

Во Панаѓуриште започнуваат 4-дневните прослави посветени на 75-годишнината од откривањето на Панаѓурското златното богатство, јавува БНР.
На 5 и 6 декември ќе се одржи конференција, а кулминацијата на програмата ќе биде на 8 декември – ова е денот на кој пред 75 години браќата Павел, Петко и Михаил Дејкови го откриле тракиското ремек-дело за време на ископувања на крајот од градот. Прославите се одржуваат под покровителство на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

„Околу богатството секогаш ќе има многу теории, многу мислења – честопати тие се дијаметрално спротивни. Колку што има истражувачи од областа на тракиската уметност, така се појавуваат и нови теории“, вели доц. д-р Атанас Шопов, директор на историскиот музеј во Панаѓуриште.

Според неговите зборови богатството е „амблем, бренд не само на Бугарија, туку и на Југоисточна Европа“, што предизвикува многу компаративни анализи.

Вечерва ќе биде прикажан и новиот документарен филм „Тракиското богатство – прегратка на боговите“.



Слични Објави