| |

Планинарскиот дом „Македонија“ над Благоевград прогласен за најдобар во својата категорија од Бугарскиот туристички сојуз

Планинарскиот дом „Македонија“ над Благоевград ја доби наградата „Најдобар планинарски дом опслужуван со теренско возило“ на годинашната церемонија „Планинарски дом на годината“, организирана од Бугарскиот туристички сојуз и списанието 360°. За признанието гласале повеќе од 4.000 туристи, граѓани и планинари, јавува Пиринско.

Претседателот на Туристичкото друштво „Ајгидик“ – Благоевград, Александар Христов, изјави дека наградата е потврда за долгогодишните напори за одржување и развој на домот.

Домарот Димитар Грујчев, пак, го освои второто место во категоријата „Домар за пример“, при што за првото место му недостигале само неколку гласа.

Во изминатите десет години планинарскиот дом „Македонија“ е целосно обновен – зајакнати се темелите, поставени се нови инсталации, ламперија, душеци и кревети, а планирано е и поставување станици за полнење велосипеди.

Од Туристичкото друштво истакнуваат дека домот е посетуван од туристи од цела Бугарија и од странство во текот на целата година.

Во последната сабота од септември беа одбележани и 93 години од поставувањето на првиот камен за изградба на планинарскиот дом „Македонија“.

Слични Објави