НАБЉУДУВАЧИТЕ ОД ОБСЕ/ОДИХР ПОЧНАА СО РАБОТА

Набљудувачите од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, што пристигнаа во земјава на 19 јуни, од денеска, почнаа со работа и веќе имаа средба со Државната изборна комисија.

Организацијата, на покана на македонската влада, испрати специјална мисија за следење на предвремените парламентарни избори, закажани за 15 јули.

Мисијата се состои од седум експерти, кои ќе бидат сместени во Скопје, и од главниот град, ќе го следат целокупниот изборен процес.