РУСИЈА: 15.100 НОВОЗАРАЗЕНИ И 185 ПОЧИНАТИ ЗА ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Русија се зголеми за 15.099 – на 1.399.334, беше објавено денес во Москва.

Уште 185 починаа од коронавирусот, а од почетокот на пандемијата, вкупниот број на смртни случаи е 24.187, пренесува агенцијата ТАСС.

Вирусот победи уште 5.377 луѓе, а вкупно се опоравиле 1.070.576.