SNAPCHAT СО НОВА ФУНКЦИЈА ЌЕ ИМ КОНКУРИРА НА TIKTOK И INSTAGRAM

Snap го исполнува своето ветување дека ќе овозможи музика на Snapchat. На тој начин продолжува уште повеќе да се натпреварува со TikTok и Instagram. Компанијата најави дека корисниците на iOS ширум светот ќе можат да вклучуваат популарна музика во своите снимки.

Компанијата веќе им ја претстави оваа функција на корисниците во Нов Зеланд и Австралија, а новата опција ќе биде достапна во неколку региони оваа есен. Snap не споменува кога корисниците на Android би можеле да ја добијат функцијата. Компанијата објави и дека ќе тестира овозможување на корисниците да можат да создаваат свои звуци, а таа опција ќе се применува глобално во следните месеци.

Snap и натаму нема да има feed како TikTok, што на корисниците им наметнува вирална музичка содржина, како танци или мемиња, и наместо тоа е фокусиран на своите партнерства со големите издавачи. Ако некое лице добие снимка со звуци, може да направи swipe up за да го погледне омотот на албумот, насловот на песната и името на изведувачот.



Исто така, можат да го допрат линкот „Play This Song “ за да ја преслуша целата песна на другите стриминг платформи, вклучувајќи ги Spotify, Apple Music и SoundCloud. Snap не објави колку е голем неговиот музички каталог, освен што го нарекува „robust and curated “. Исто така, наведено е дека во договорите за лиценцирање се обработени нумери од Warner Music Group, Universal Music Publishing Group, Warner Chappell Music, BMG Music Publishing и други.