Османи: Договорот од Преспа е модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот

/

После три години од потпишувањето, Договорот од Преспа не само што го минува тестот на времето, туку и ги надминува границите на неговата примарна улога за Стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција, напиша попладнево министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

 Во статусот, Османи оценува дека Преспа е регионален симбол за умешноста на дипломатијата во надминување на меѓусебните спорови и модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот. –  За две недели, на 1-2 јули во Охрид и Отешево, токму за Улогата на Преспа и останатите носечки договори, на првата меѓународна конференција – Преспа Форум за Дијалог, стои во статусот на Османи на Фејсбук.



Претходна статија

Моментно нема услови Софија да се согласи С Македонија да почне преговори со ЕУ, вели лидерката на бугарските социјалисти

Следна статија

Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал

Најново од Вести