Нема пресуда за „Тортура“, процесот ќе биде повторен

/

Судијката Александра Ристовска која го водеше случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, на денешното рочиште кога требаше да се донесе пресуда кажа дека судот не можел да донесе пресуда за случајот и одлучи постапката да биде преотворена.

„Во конкретниот случај на обвинетите им се ставаат на товар неколку специфични дејствија, но и намерата без која кривичното дело не може да постои. Неспорно е дека се случил настан, но не е јасно кој од обвинетите кое дејствие го презел и за Судот нејасно е кој од обвинетите кое дејствие и со кој интензитет го презеле. Согласно член 397 став 1 од ЗКП, Судот оцени дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одделни прашања и затоа постапката ќе се преотвори. При изведување на сите докази, за членовите на совето е неразјаснето прашањето за употребената сила, закана и отпор. Останаа неразјаснети одредени околности и во моментот постои фактичка пречка за донесување на одлука од судот. Неопходно е да се преотвори главната расправа заради овие причини и затоа следното рочиште се закажува за 8 јули”, рече судијката Ристовска.



Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е обвинет за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување” од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа” помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Претходна статија

Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал

Следна статија

Вчера се вакцинирани 4 299 граѓани

Најново од Вести