Заев и Јанев ги започнаа разговорите со средба лице в лице
Започна средбата на бугарскиот премиер Стефан Јанев со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев.
– По разговорот лице в лице меѓу Јанев и Заев ќе се одржи средба во проширен состав меѓу делегациите на двете земји.
Ја започнавме средбата со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев. Денес работиме на зајакнување на довербата и преку искрен пристап целиме да постигнеме исчекор напред кон решение, објави премиерот Зоран Заев на Твитер.
🇲🇰🇧🇬 Ја започнавме средбата со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев.
Денес работиме на зајакнување на довербата и преку искрен пристап целиме да постигнеме исчекор напред кон решение. pic.twitter.com/BnAc7rBXsA— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) June 17, 2021