Антикорупциска врши политичка хајка врз мене, ќе ја барам правдата на суд, вели градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за Канал 5.
Беџети вели дека не чувствува вина за спорните платформи и дека неговиот случај е со цел да се дефокусира јавноста од другите случувања.
Речиси слична изјава пред неколку дена за ТВ 24 даде и друг функционер од ДУИ, познатиот советник во општина Охрид, Нефи Усеини, кој пак од своја страна тврди дека атакот на јавноста врз неговата дивоградба пицеријата Луна исто така е политички мотивиран.