КИНА ГИ ПРЕДУПРЕДИ ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО ХОНГКОНГ ДА НЕ СИ ИГРААТ СО ОГНОТ

/

Демонстрантите во Хонгконг не смеат да си играат со оган и погрешно да го сфатат воздржувањето на Пекинг како негова слабост, соопштија кинеските власти, во досега најстрогото предупредување до, како што се наведува, криминалците кои стојат зад демонстрациите во градот.

Хонгконг поминува низ повеќенеделни протести, кои започнаа со противење со сега укинатиот закон за екстрадиција, со кој се овозможува судење на осомничените пред кинеските судови.

Протестите се претворија во пошироки демонстрации против Владата на азиско финансискиот центар, поттикнат од стравот на жителите од дополнително слабеење на нивната слобода под се посилната контрола на Комунистичката партија во Пекинг.



Извор: Макфакс

Претходна статија

И БЛЕРИМ БЕЏЕТИ КАКО ГАЗДА НЕФИ СЕ ЖАЛИ НА ПОЛИТИЧКА ХАЈКА ПРОТИВ НЕГО

Следна статија

ТРАМП ЌЕ ГИ ПОСЕТИ ЕЛ ПАСО И ДЕЈТОН

Најново од Вести