ЗАЕВ: НЕ САКАМ НИ ДА ПОМИСЛАМ НА ОПЦИЈАТА ЦЕНЗУСОТ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ДА НЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТ
На новинарско прашање за време на прес-конференцијата во Влада, во однос на тоа, што ако не биде исполнет цензусот за рефендумот, премиерот Заев изјави дека не сака ни да помисли на таа можност. Донесовме важна одлука за државата изјави Заев и порача дека граѓаните се тие кои ќе ја гарантираат иднината на државата. Заев изјави дека е уверен дека цензусот ќе биде исполнет. Заев изрази уверување дека од ВМРО-ДПМНЕ нема да го бојкотираат референдумот, бидејќи тоа прашање од кое зависи иднината на државата. Тој додаде дека дури и да има тајна задача за бојкот од страна на Опозицијата, тоа ќе се дознае. Премиерот порача дека граѓаните треба да ја преземат својата обврска пред Татковината. Вистинските патриоти ќе излезат на референдум.
