Исчезна авион кој полетал од Сплит
Хрватската полиција денеска претпладне доби дојава од Управата за цивилна заштита дека од радарот на Хрватската служба за воздухопловна навигација во 11,25 часот исчезнал авион од типот „Цесна 182“ на поширокото подрачје на Слуњ.
Авионот летал од правец на Сплит кон Германија. Засега не е соопштено колку патници се наоѓале во леталото.
Веднаш по пријавата, во истрагата на теренот се вклучиле 34 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната и интервентната полиција, како и 28 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба кои користат дрон во потрагата.