СЛОВЕНИЈА ПОЧНА ТЕСТИРАЊЕ НА 5G ТЕХНОЛОГИЈА ВО ПРИМОРСКИОТ ГРАД КОПЕР
5G технологијата веќе се тестира во словенечкиот приморски град Копер како дел од поголем европски проект финансиран од Европската комисија.
Телеком Словенија веќе ја инсталира техничката опрема на пристаништето во градот, а тестирањето на мрежата ќе продолжи до крајот на летото.
На многу места во Словенија, слични тестови на 5G технологија продолжуваат веќе подолго време. Се верува дека тоа ќе доведе до вистинска техничка револуција во комуникациите.
