ВО АЛБАНИЈА СЕ АПСАТ ЛИЦАТА ВИНОВНИ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ
Албанските обвинители издадоа потерници за 38 лица заради непочитување на прописи при градба на згради што придонесе за уривања и оштетувања во Тирана и околните општини во земјотресот од 26 ноември, јавува Лидер.
ТВ „Клан“ објави, дека во голема полициска акција 27 од лицата се веќе приведени, и оти е во потрага по останатите 11.
Меѓу нив има општински службеници, локални лидери и инженери, осомничени за фалсификување документи и издавање дозволи за нестабилни згради. Меѓу уапсените има и тројца поранешни градоначалници.

