РАЈАН (СЗО): ВАКЦИНИТЕ НЕ СЕ ВОЛШЕБНО РЕШЕНИЕ ПРОТИВ КОВИД-19
Високиот претставник на Светската здравствена организација, Мајк Рајан, предупреди дека вакцините нема да пристигнат на време за да се победи вториот бран на пандемијата со Ковид-19 и покрај ветувачките најави за развој на потенцијални вакцини, пренесува ТВ 24.
Тој вели дека на вакцините не треба да се гледа како на волшебно решение и дека државите кои се борат со повторното ширење на вирусот, повторно ќе мораат сами да ја водат таа битка.
„Мислам дека ќе поминат најмалку четири до шест месеци пред да имаме значително ниво на вакцинација каде било.“ – изјави Мајк Рајан од СЗО.
