СДСМ: РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ ГО УРНА МЕЃУНАРОДНИОТ УГЛЕД НА ЗЕМЈАВА

//

Режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го урна меѓународниот углед, не скара со демократскиот свет и создаде заробена држава, оддалечена од ЕУ и НАТО.

За само 2 години, благодарение на државничкото однесување, храбрите одлуки и мудри политики на Зоран Заев, земјава е светол пример, пријател со демократскиот свет.

Меѓународниот углед на Република Северна Македонија никогаш не бил подобар.

Досега 20 земји го ратификуваа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, со ова темпо до крајот на годинава, нашата држава ќе биде рамноправна членка на најмоќниот воен и безбедносен сојуз.

Имаме најпозитивен Извештај од ЕК и чиста препорака, до крајот на годината очекуваме почеток на преговори за членство во ЕУ.



Фрустрираниот Мицкоски никако не може да се помири со успехот на Зоран Заев, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Претходна статија

СДСМ: ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ОСТАНА ИСТА, СО ЕФТИНА ТАРИФА ГРАЃАНИТЕ ЗАШТЕДУВААТ ДО 11 МИЛИОНИ ЕВРА

Следна статија

ПРОДОЛЖУВА ПЕТВЕКОВНАТА ТРАДИЦИЈА НА ПЕЛИВАНСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести