ПОРАКА НА ЕДНА ГЛУМИЦА ОД БУГАРИЈА: ЗА КАДЕ БРЗАМЕ, КРАЈОТ Е ЈАСЕН, ДА ГИ НАПРАВИМЕ НАШИТЕ ДЕЦА ДОБРИ ЛУЃЕ

„Луѓето живеат со луѓе. Човекот живее со човекот. После сè низ што поминавме – живеевме затворено, не можевме да се гушкаме … Се надевам дека тоа нè учи да бидеме подобри, да покажуваме љубов едни на други. Љубовта не се прикажува со скапи подароци, туку секојдневно со мали гестови – со насмевка, со топло кафе … Нека се смириме, после сè што ни се случи, можеби ќе се научиме да бидеме благодарни за секој еден ден. Живееме во еден брз и збунет свет – каде се брзаме ?! Крајот е јасен – нема потреба да се брза. Заборавивме да комуницираме со најблиските, со нашите деца … Ние како родители ги формираме нашите деца – тие се наш одраз во огледалото. Да им посветиме поголемо внимание на нашите деца и да ги едуцираме да бидат добри луѓе “, вели една од најпознатите млади бугарски глумици Александра Срчаџиева во интервју за Бугарското национално радио.





Претходна статија

ПРЕДЛОЗИ НА EMILY NAILS ЗА СОВРШЕНИ НОКТИ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ

Следна статија

ПРИДОБИВКИТЕ НА СОНЧЕВИТЕ ДЕНОВИ

Најново од Магазин