|

Прва аблација за коморна тахикардија извршена на Универзитетската клиника за кардиологија

Првпат во Македонија, на Универзитетската клиника за кардиологија е успешно извршена аблација за коморна тахикардија – сложена процедура што претставува голем исчекор во домашното здравство.

Министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски ја посетија Клиниката и го честитаа успехот на тимот.

Директорката д-р Даница Петкоска Спирова истакна дека ова е доказ за високата стручност и дека пациентите сега ќе можат да се лекуваат навремено и во земјава, без потреба од упатување во странство.

– Со оваа процедура овозможуваме навремето и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии за кои досега дел од нив беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО, рече Петкоска Спирова.

Слични Објави