| |

УТРЕ ГРЦИТЕ СО ПРОТЕСТИ ЌЕ ГО „БРАНАТ“ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ОД „СКОПЈАНИТЕ“

Утре во неколку грчки градови ќе се одржат големи протести во врска со можното решение за проблемот што Грција го има со нашето име. Пораките од митинзите треба да покажат дека жителите на грчката провинција Македонија се „во состојба на алармирање” во врска со преговорите меѓу владите на Грција и на Македонија, велат организаторите, објави Катимерини. Тие посочуваат дека уживаат поддршката кај локалните црковни и општински функционери. Организаторите инсистираат дека зборот „Македонија“ никако не треба да биде вклучен во името на нашата земја.

 



Слични Објави